Почина хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ

 

Хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ почина во болницата во Сплит од цироза на црниот дроб.

Во деведесеттите години, се прослави со песната „Дај ми вино“, која ја сними со групата „Дар – Мар“. Песната беше голем хит во целиот регион. По распадот на бендот, овој пејач од Сплит ја започна својата соло кариера, но наскоро ја напушти сцената поради смртта на мајка му и здравствените  проблеми на сестра му.

Освен што се занимавал со пеење, тој бил и сопственик на едно мало кафуле во Сплит. Веста за неговата смрт ја потврди и неговата најдобра пријателка, тамошната пејачка и водителка Џана Апостолски:

„Јас сум во шок цел ден. Тој беше добар човек и голем талент, но се’ му тргна наопаку и не успеа во она што најмногу го сакаше. Постојано беше сам, а неговата сестра почина пред две години. Се повлече, се затвори самиот во себе и му се препушти на алкохолот. Жалам што ретко му  се јавував. Тој секогаш ќе се јавеше и ќе прашаше како сум, како се сите, а денес сите сме толку зафатени и брзо живееме. И сега повеќе никогаш нема да можам да го слушнам“ – изјавила таа низ солзи.

Карло пред четири години бил во врска со Фани Чапалија, поранешната хрватска мисица, но таа врска не успеала и не траела долго. Пред тоа, тие биле пријатели, а во добри односи останале и по раскинувањето.

Текстот Почина хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ е превземен од Reporter.mk.