Индискиот глумец Ирфан Кан кој се прослави во улогата во филмовите „Животот на Пи“, „Џурасик Парк“ и „Милонер“, почина на 53 годишна возраст, пренесува Sky News.
Кан неодамна беше примен во болница поради инфекција на дебелото црево, а почина во средата утрото. Пред две години глумецот напиша отворено писмо во кое детално ја објасни својата борба со туморот.
„Кан беше неверојатен талент, љубезен колега, врвен уметник во светот на филмот. За жал не напушти прерано. Остави голема празнина во светот на Холивуд“, напиша индиската ѕвезда Амитаб Бахчан.
Глумецот почина во болница во градот Мумбаи. Лекарите велат дека две години водел борба со ендокриниот тумор. Тој во 2018 година им откри на своите пријатели за тешката болест, по што замина на лечење во Лондон.
Луѓето од цел свет секојдневно му даваа виртуелна поддршка.
„Почивај во мир. Беше инспирација во деновите кога и јас се борев со оваа тешка болест“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Ирфан пораснал во Џајпур, во Индија. Дипломирал во 1987 година во Националната драмска школа во Њу Делхи. Кратко време потоа се преселил во Мумбаи каде ја започнал својата актерска кариера. Бројни агенти го забележале неговиот талент уште во 90-те години. Како 20 годишно момче, Кан добил улоги во бројни телевизиски серии и филмови.
Текстот Почина индискиот глумец Ирфан Кан е превземен од Reporter.mk.