Вчеравечер во својот дом во Рим, на 77 години, почина славниот италијански режисер Бернардо Бертолучи. Славниот режисер, кој паралелно работеше во Европа и во Холивуд, ги режираше легендарните филмови „Последното танго во Париз“ со Марлон Брандо и „Последниот император“, филм кој во 1987 година освои неколку Оскари, меѓу кои и за најдобар филм и режија.
Бертолучи, кого Италијанците го нарекуваат последниот гранде маестро, е роден во Парма на 16 март 1941 година. Студирал на факултетот за модерна литература во Рим, но ги напуштил студиите и станал асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, со почнал да работи на снимањето филмови.
Бертолучи ги режирал и филмовите „Чај во пустината“, „Малиот Буда“ со Киану Ривс и други. Последен филм му е „Јас и ти“, снимен 2012 година.
Текстот Почина италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи е превземен од Reporter.mk.