Американскиот актер Кармен Аргенциано изненадувачки починал во неделата вечерта на 75 годишна возраст. Кармен е познат по улогите на генерал Џејкоб Картер од легендарната серија Stargate SG-1, а глумеше и во „Кум 2“.
„Срцето ми е скршено, а очите уморени од плачење затоа што синоќа го изгубивме Кармен“, изјавила актерката Шантел Алберс, на која Кармен и бил ментор.
Шантел додала дека режирањето и глумата му биле посебен дар на Кармен, и дека бил многу добар човек.
„Толку ми недостасува што не можам да дојдам до воздух. Се чувствувам како да не сум поминала доволно долго време со него. Сакам да имав повеќе време како да може да ме подучува, да работи повеќе време со мене“, изјавила Шантел.
Аргензиано е роден во Пенсилванија, а својата актерска кариера ја започнал во 1970 година. Глумел во повеќе од 100 филмови и серии во изминатите пет децении. Во кариерата играл во филмовите Cheers’, LA Law, ER и 24.
„Ми недостигаш Кармен. Фала ви на сите за поддршката која ми ја дадовте заедно со многу други. Фала ви за вашето водство и што секогаш доаѓавте на моите претстави и ме поддржувавте. Вашата работа и вашата љубов ќе живее засекогаш“, им порачала Шантел за крај на присутните.
Текстот Почина Кармен Аргенциано, актерот од „Кум 2“ е превземен од Reporter.mk.