Почина легендарниот кошаркар Џон Хавличек

Легендарниот кошаркар на Бостон Селтикс, Џон Хавличек, почина на 80 годишна возраст. Со оваа франшиза, Хавличек, освоил осум шампионски титули во НБА лигата. Тој е член на „Куќата на славните“ во Спрингфилд.

Бостон го драфтувале Хавличек како седми пик во 1962 година, во клубот останал до 1978 година. Бил МВП на финалната серија во 1974 година.

„Џон Хавличек е еден од играчите на Бостон што постигнале најмногу, во важните моменти за клубот тој бил лицето на франшизата. Беше голем шампион на теренот и надвор од него, освоил осум титули и бил МВП на финалето. Рекордер е на Селтикс според бројот на постигнати поени и одиграни натпревари. Тој е еден од 50 најдобри играчи во историјата на НБА лигата, член на „Куќата на славните“. Во секој момент беше вистински шампион“, се наведува во соопштението на Бостон Селтикс.

Текстот Почина легендарниот кошаркар Џон Хавличек е превземен од Reporter.mk.