Почина легендарниот музичар Скот Вокер

Музичарот и еден од членовите на групата „Вокер Брадерс“, починал на 77 годишна возраст. Ова денеска го соопштиле од британската издавачка куќа 4AD.

Вокер кој е со потекло од САД, се сметал за една од највлијателните личности во историјата на рок музиката, наведува „Би-Би-Си“.

Вокер се прослави во групата „Вокер Брадерс“, со низата поп-хитови во САД и особено во Велика Британија во периодот на шеесетите години од минатиот век.

Вокер се јавува како автор на песната The Sun Ain’t Gonna Shine (Anymore) и Joanna, а влијаел и на многу музичари, од Дејвид Боуви до Џарвис Кокер.

 

Текстот Почина легендарниот музичар Скот Вокер е превземен од Reporter.mk.