Почина Љиљана Петровиќ, првата претставничка на Југославија на Евровизија

Почина Љиљана Петровиќ првата претставничка на Југославија на Евровизија. Петровиќ почина на 81 годишна возраст во Нови Сад. Таа во 1961 година во Кан ја изведе песната „Нека давне ѕвезде“.

Петровиќ учествуваше на голем број фестивали, а на крајот на седумдесетите години се повлече од јавниот живот, за подоцна да се посвети на пишување поезија.

Во летото 1960 година доби понуда од Јоже Прившек да ја испее евровизиската песна, со која таа настапи на европскиот музички фестивал.

До тој период Петровиќ се пробиваше на музичката сцена со локална забавна музика и има настапувано на бројни локални фестивали.

Со песната на Јован Адамов „Нека то не буде у пролече“, во 1966 година настапи на фестивалот „Опатија“. Во 1991 година Петровиќ објави книга, а подоцна почна да компнира музика со хаику стихови.

Текстот Почина Љиљана Петровиќ, првата претставничка на Југославија на Евровизија е превземен од Reporter.mk.