Почина љубовникот на принцезата Дијана

Некогашниот љубовник на принцезата Дајана, Оливер Хоар (73) почина во Франција после долгогодишната борба со тешката болест.
Оливер беше трговец на уметнички дела и долгогодишен пријател на принцот Чарлс, но и на Дајана опсесија и голема љубов.
Како што се шпекулирало, Дајана и Оливер почнале афера по смртта на таткото на принцезата, Ерл Спенсер, во март 1992 година.
Нивната афера завршила кога неговата сопруга му се заканила со развод и тоа поради што обезбедувањето на палатата наводно го нашле Оливер полугол како се крие позади едно дрво на имотот.
Дајана и се доверила на една пријателка дека животен сон и било да побегне со Оливер и да живее во Италија.
Како што наведуваат британските медиуми, Дајана по разделбата била вознемирена и почнала да го прогонува со повици. Неговата сопруга повикала полиција бидејќи деноноќно им ѕвонел телефонот и тогаш откриле дека повеќе од 300 пати било ѕвонето од домот на Дајана.
После тоа полицијата соопштила дека истрагата е прекинета на барање на Оливер.

Текстот Почина љубовникот на принцезата Дијана е превземен од Reporter.mk.