Завчера почина Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна армоника на култната македонска група „Crossroad Blues band“, кои го отворија и годинешниов „Blues & Soul Festival 2018“.
Познат како Сале – блузмен, беше еден од оние музичари кои не само што го сакше и свиреше блуз, туку и го живееше блузот
„После 3 недели борба, 3 недели на ‘крстопат’, Сале вчеравечер го одбра патот кон светлината. На место каде нема повеќе болка туку само мир вечен“, напишаа неговите блиски пријатели на Фејсбук. Погребот беше вчера на гробиштата во Прилеп.
Текстот Почина македонскиот музичар Сале-блузмен е превземен од Reporter.mk.