Актерот Макс Рајт, најпознат по улогата на Вили Танер во серијата „Алф“, почина вчера на 75 години, потврди неговото семејство. Рајт почина во својот дом во Калифорнија, по долга борба со ракот. Нему му беа дијагностицирани малигни заболувања во крвта во 1995 година.
Рајт се прослави со улогата на Вили Танер од серијата „Алф“, што се прикажуваше од 1986 до 1990 година. Тој стана еден од омилените американски комичари во тоа време, а многумина го обожаваа ликот на таткото што прифати вонземјанин во своето семејство. По улогата во „Алф“ тој не оствари ниту една значајна улога.
„Го мразев шоуто поради напорната работа. Сетовите беа долги и заморни. Во тоа време почнаа и проблемите со мојата сопруга Линда, а почнав и да пијам. Немам убави спомени од тоа време“, рекол во една прилика Рајт.
Во 1998 година доби номинација за театарската награда „Тони“ за неговата улога во претставата „Иванов“ во Чехов, а брзо потоа се повлече и од театарот.
Текстот Почина Макс Рајт, таткото од серијата „Алф“ е превземен од Reporter.mk.