Победничката на натпреварот Мис Универзум од 1995 година Челси Смит, почина на 46 година по борба со ракот на црниот дроб. Ракот ѝ бил дијагносатициран пролетта 2017 година, по што заминала кај мајка ѝ во Пенсилванија каде што останала до смртта, пренел портпаролот на нејзиното семејството.
„Нашите срца се скршени што мораме да соопштиме дека Челси Смит почина по тешка болест. Челси беше сакана ќерка и пријател. Ќе ни недостасува нејзината заразна насмевна, волјата за живот и слободниот дух. Остави неизбришлива трага кај сите кои ја познаваа“, стои во соопштението на нејзиното семејство.
Кариерата ја започнала во 1994 година кога се закитила со круната Мис Галвстон Каунти, а наредната година станала Мис на Тексас и Мис на САД. Челси Смит е единствената мелеска што ги освоила сите три круни.
„Ако луѓето сакаат да ме запознаат, мислам дека е важно да знаат дека сум половина црнкинка и половина белкинка и дека тоа не е препрека“, рекла Челси во последното интервју за „Хаустон пост“ пред да умре.
Текстот Почина Мис Универзум е превземен од Reporter.mk.