Почина младата пејачка Наталија од „Јас имам талент“

Младата пејачка Наталија Лазиќ од Обреновац почина во Институтот за онкологија на 29-годишна возраст.  Наталија, која беше дел од шоуто „Јас имам талент“, се борела со леукемијата, а коронавирусот беше  фатален за младата пејачка. Додека болдеувала од леукемија  била сместена во белградскиот Институт за онкологија, каде што, откако била третирана со цитостатици кои влијааат на пад на имунитетот, се заразила и со коронавирусот во моментот на лекување, па тоа било фатално за Наталија.

Наталија пееше и изворна музика и рок, а пееше и на француски. Колегите, пред се’ од нејзиниот град, се збогуваа со Наталија на социјалните мрежи

Работела како професор по француски јазик во едно основно училиште во Обреновац.

Потсетете се како  пееше Наталија:

Текстот Почина младата пејачка Наталија од „Јас имам талент“ е превземен од Reporter.mk.