Веста за смртта на актерката Билјана Беличанец јавноста ја прифати со неверување. Нејзините колеги актери со тага и многу емоции денеска се простуваат од нивната пријателка, која ја споредија со Петар Пан и со вистинска античка хероина.
Од Беличанец утрово се прости актерот Драган Спасов – Дац, со кого Беличанец глумеше во многу претстави.
„Беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…“, напиша тој на „Фејсбук“.
Актерката Јелена Јованова низ солзи ѝ порача дека се надева дека сега, таму кај што е, ќе ја најде љубовта што тука ѝ недостиигаше.
„Се надевам дека си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого… Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше… Толку многу даде, а уште колку многу остана… Тешко и за неверување маме.. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец“, напиша Јелена.
И Васил Зафирчев преку „Фесјбук“ се прости од актерката.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша тој.
Весна Петрушевска ѝ посака мирно небо.
„Најтажно е што најболните збогувања се оние што оставаат недоречени работи и никогаш не се објаснети“, напиша таа.
Беличанец е родена на 23 јули 1973 година. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Играла бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски претстави, за кои има добиено и бројни награди. Во јавноста е позната и по натсинхронизацијата на неколку турски серии на македонски, а меѓу нив и ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“. Од 2013 до 1017 година таа беше градоначалник на Општина Кисела Вода.
Текстот Почина на најтрагичен начин, како античка хероина – колегите се простуваат од Билјана Беличанец е превземен од Reporter.mk.