Актерот Лијам Нисон доживеа нова семејна трагедија, откако неговиот внук Ронан Секстон починал на 36 годишна возраст. Внукот на актерот починал пет години по несреќниот пад во кој си ја повредил главата.
Секстон си ја повредил главата во 2014 година, за време на едно негова прошетка со пријателите. Тој е најмладиот од шесте деца на Бернадет, сестрата на Лиам.
Секстон во 2014 година во раните утрински часови случајно паднал на глава од телефонската говорница на која бил качен. Од тогаш Секстон никогаш не се опоравил.
Лиам пред 10 години ја изгубил и сопругата Наташа Ричардсон, во трагична несреќа на скијање. И Наташа како и Секстон починала од здобиени повреди на главата за време на скијање. Починала на 46 годишна возраст, два дена по трагичниот пад во канадски ски-центар.
Наташа по падот од скиите, продолжила да се движи кон хотелот, а на итната помош ѝ кажала дека е добро. Сепак нејзината состојба набрзо потоа се влошила. Наташа со Лиам била 15 години во брак. Починала на 46 годишна возраст, два дена по трагичниот пад во канадски ски-центар.
Во еден момент, Лиам принзал дека утехата по смртта на саканата сопруга, ја пронашол во работата, а признава дека само поради двајцата синови не паднал во депресија. Тие во време на нејзината смрт имале 12 односно 13 години.
„Сеуште постојат моменти кога мислам дека нејзината смрт не е реална. Понекогаш во станот слушам како се отвора вратата ѝ мислам дека ќе ја слушнам“, изјавил Лиам во интервју во 2017 година.
Текстот Почина најмладиот внук на Лијам Нисон е превземен од Reporter.mk.