Српската глумица Неда Арнериќ почина денес на 67-годишна возраст. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, пишуваат српските медиуми, а нејзиното тело го нашол брат ѝ. Веднаш на местото на настанот пристигнале полицијата и итната помош. Од таму велат дека не биле откриени траги од насилство.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година. Таа имала богата актерска кариера. За потсетување, Арнериќ лани се обиде да се самоубие. И тогаш нејзинот брат ја нашол онесвестена во станот.
Арнериќ, која се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, се повлече од јавноста кон крајот на 2018 година кога почина нејзиниот сопруг. Медиумите за тоа дознаа подоцна, бидејќи актерката не сакаше да зборува за неговата смрт во јавноста.
Текстот Почина Неда Арнериќ е превземен од Reporter.mk.