Почина професионалниот борец Роки, таткото на Двејн Џонсон

Почина професионалниот борец Роки Џонсон, таткото на холивудскиот актер Двејн Џонсон. Роки почина на 76 години, пренесува „Метро. Причините за смртта засега не се познати.

Веста за смртта ја објави американската компанија која се занимава со професионално борење World Wrestling Entertainment.

„Тажни сме поради заминувањето на Роки. Сакаме да изразиме сочувство до семејството на Џонсон, неговите пријатели и фанови“, напишале на социјалните мрежи од оваа компанија.

На почетокот на кариерата Роки наишол на голем број критики, но откако се проби, му помогна и на неговиот син Двејн да стане професионален борец. Потоа Двејн почна да се занимава и со актерство и стана еден од најуспешните холивудски глумци.

 

 

Текстот Почина професионалниот борец Роки, таткото на Двејн Џонсон е превземен од Reporter.mk.