Почина професорот Томе Груевски

По кратко и тешко боледување, почина професорот Томе Груевски. Груевски предаваше на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации и односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Беше и професор на постдипломските студии на Групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Зад себе остави бројни генерации новинари.

Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), и е прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија.

Бил член и на повеќе професионални и невладини организации и асоцијации и добитник на голем број награди и признанија. Има објавено голем број трудови. Автор е на книгите „Односи со јавноста“ и на учебникот „Историја на новинарството“, како и на два аудио учебници наменети за читатели со посебни потреби.

 

Текстот Почина професорот Томе Груевски е превземен од Reporter.mk.