Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски почина денеска ненадејно во Скопје, пренесе „Макфакс“. Режисерот ,потпиша бројни театарски претстави како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.
Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година. Беше сопруг на актерката Искра Ветерова, и татко на две деца.
Текстот Почина режисерот Златко Славенски е превземен од Reporter.mk.