Актерот Робер Гарсион, познат по ликот Томи во филмовите од серијалот „Карате Кид“, почина на 59 годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.
Неговото семејство велат дека тој подолго време имал повеќе здравствени проблеми со бубрезите и црниот дроб. Последните денови од неговиот живот ги поминал во болница во Вест Вирџинија во САД.
Блиските во своите проштални говори велат дека Гарисон ќе остане познат за многу генерации кои пораснаа со култниот серијал од три филма „Карате кид“, кој започна во далечната 1984 година. Главните улоги ги толкуваа Ралф Мачио и Пет Морита, познат како мистер Мијаги.
Освен по „Карате кид“, Роберт е познат и по амиерканската актерска драма „Кобра Каи“.
Текстот Почина Роберт Гарисон, ѕвездата од „Карате кид“ е превземен од Reporter.mk.