Почина славната пејачка на „Роксет“

По долго боледување од рак почина светската пејачката Мари Фредриксон од популарната музичка група „Роксет“. Фредриксон со тешката болест се борела од 2002 година, а починала вчера на 61 годишна возраст во својот апартман каде се лечела.

Таа зад себе ги остави сопругот Мајкл Болос и нивните две деца.

„Со голема тага ја известуваме јавноста дека почина еден од нашите најголеми и најсакани уметници“, пишува во соопштението кое семејството го испратило до јавноста. Веста за нејзината смрт брзо се рашири по социјалните мрежи.

Во времето на најголемата популарност милони жени плачеа со “It must have been love”, песната која ја одбележа љубовната приказна меѓу Џулија Робертс и Ричард Гир во култниот филм „Згодна жена“.

Пред да станат дуо со Пер Гесл, двајцата биле успешни соло изведувачи во Шведска. Кога ја оформиле групата „Роксет“, на крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години од минатиот век, двајцата постојано биле на врвот на топ-листите ширум светот.

Иако одреден период двајцата престанаа активно да се занимаваат со муизка, тие повторно се здружија во 2016 година и го објавија албумот Good Karma.

Публиката ќе ги памети и по нивните стари хитови, кои и понатаму се вртат на радијата ширум светот. Една од нивните најпопуларни балади Listen to Your Heart е користена во популарната серија Mr. Robot и популарната серија 13 Reasons Why.

 

Текстот Почина славната пејачка на „Роксет“ е превземен од Reporter.mk.