Српскиот пејач Мурадиф Демировиќ, член во семејството на Шабан Шаулиќ, починал неколку дена по трагичната смрт на кралот на народната музика.
Еден од братучедите на Шабан, Хасан Дудуќ изјавил дека Демировиќ не можел да ја поднесе загубата на Шабан и дека и дека поради тоа завршил во болница. Демировиќ не бил во можност ниту да дојде на погребот на пејачот и да го испрати во вечното почивалиште.
„Не знам како ќе можам да го поднесам ова. Голема трагедија се случи во семејството. Најстариот меѓу нас Демировиќ беше првиот кој почна да пее. Тој почина од тага за Шабан. Беше долго време болен и не можеше да стане на нозе. Имаше проблем со белите дробови. Падна во тешка депресија. Тешко му беше и не можеше да го преболи тоа што Шабан замина“, изјавил Хасан.
Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ почина на 17 февруари во трагична сообраќајна несреќа во Германија.
Текстот Почина српскиот пејач Мурадиф Демировиќ е превземен од Reporter.mk.