Почина свршеникот на ќерката на Витни Хјустон

Ник Гордон, поранешниот свршеник на Боби Кристина Браун, починатата ќерка на Витни Хјустон, е пронајден мртов, а како причина за неговата смрт е предозирање, пишуваат светските медиуми.

Ник го загуби животот на Нова година, на свои 30. години. Пред да почина имал неколку срцеви удари, а низ годините наназад тој бил познат по користење  големи количини опијати.

„Брате толку те сакам. Се надевам дека слушна што ти говорев додека седев на твојот кревет. Чувствувам дека си со мене. Те сакам и пази на мене и твоите внуки“, напишал неговиот брат на социјалните мрежи.

Гордон беше главниот осомничен во истрагата за убиството на ќерката на Витни Хјустон, но никогаш не беше осуден. Боби Кристина беше пронајдена без свест во када на 31 јануари 2015 година. Имала само 22 години. Поради сомнителните повреди на телото, нејзиниот свршеник беше под истрага.

Ник и Боби беа свршени, а тој тврдел дека биле во брак иако тоа никогаш не се докажа. Ник беше посвоен брат на Боби, кој целиот живот порасна покрај неа. На Витни Хјустон не ѝ пречело тоа што двајцата биле во врска. Боби не можеше да се помири со смртта на нејзината мајка во 2012 година и често се дрогирала.

Ник меѓу останатото беше обвинет дека ѝ дал смртоносен коктел-лекови пред да ја остави во кадата. Боби ја пронашле без свест, а пред да почине шест месеци беше во кома.

 

 

Текстот Почина свршеникот на ќерката на Витни Хјустон е превземен од Reporter.mk.