По кратка и тешка болест вчера почина Лула Живојиновиќ, вдовицата на српскиот глумец Велимир Бате Живојиновиќ. Таа почина во Белград, а трагичната вест ја соопшти нејзиното семејство.
„По кратка и тешка болест почина нашата драга мајка, сестра и баба Лула. Нејзината ведра душа, сила и оптимизам не правеше сите нас подобри луѓе. Сега е таму горе со Бате и не чуваат“, пишува на Инстаграм профилот на глумецот.
Бата Живојиновиќ почина на 22 мај 2016 година, во болницата „Свети Сава“ во Белград.
Текстот Почина вдовицата на Бате Живојиновиќ е превземен од Reporter.mk.