Во Струга почна Меѓународниот арт-фестивал „Езерски бисери 2018“, кој ќе трае до 14 август. На фестивалот ќе настапат учесници од Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Македонија, Казахстан, Литванија, Србија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Турција.
Главните фестивалски случувања се во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. В петок, на 10 август, ќе се одржи изборот за европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Натпреварот во класика и естраден вокал и танци ќе се одржи в сабота, на 11 август, а настапите ќе ги оценува меѓународно жири. В недела, 12 август, ќе се одржи гала-концерт со музички и танцови изведби.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат повеќе мастер класови за учесниците. За нив е организирана посета на Охрид и Вевчани.
Најдобриот учесник ќе добие награда Гран при, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери.
Текстот Почна фестивалот „Езерски бисери“ во Струга е превземен од Reporter.mk.