Најраскошниот и највесел карневал на светот, кој традиционално секоја година се одржува во Рио, оваа година привлече околу милион туристи од целиот свет.
Почетокот на карневалот задоцни неколку часа бидејќи пожарникарските екипи мораа да извршат детална инспекција за да се спречи секоја можност што би довела до трагедија.
Првиот карневал во Рио се одржал во 1723 година, ама тој ги влече корените уште од 17 век. Организиран е во чест на грчкиот Бог на виното Дионис. Португалскиот фестивал Entrudo е претходник на денешниот карневал.
Карневалот во 1940 година добива облик на маскенбал.
-Африканското влијание и самба го земаат водството во 1917 година
-Карневалот го отвора кралот Момо, кој од градоначалникот ги добива клучевите на градот
Лајтмотивот на овогодишниот карневал, по доаѓањето на десничарот Жаир Болсонарo за претседател на Бразил, е улогата на жена во општеството и правата на малцинствата.
Откога Марсело Кривела, поранешниот свештеник, стана градоначалник на Рио, школите за самба се соочија со големо намалување на буџетот. Градот буквално ги преполови средствата за школите за самба, од кои една е постара од 100 години.
Текстот Почна највеселиот светски карневал, приказна што трае од 17 век е превземен од Reporter.mk.