Почна судењето на Тони Цетински

Во општинскиот суд во Пазин, Хрватска, почна судењето на пејачот Тони Цетински за сообраќајната несреќа во која тој прегази човек. На судењето Цетински рече дека е невин.

На судењето најпрво судијката Тања Пренц Канис го прочитала обвинението протоив пејачот, а тој се изјаснил дека е неви, пишуваат хрватските медиуми. Ако го осудат, Цетински може да добие една до осум години затвор според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Адвокатот на Цетински, Горан Марјановиќ, се противи на некои од точките од обвинението и бара сите докази да бидат презентирани директно. Тој поднесе барање во реконструкцијата и вештачењето на сообраќајката и побара во истрагата да биде вклучен експерт .

Општинскиот државен правобранител тврди дека Тони можел да ја избегне несреќа и дека ќе го докаже тоа.

Несреќата во која загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани, се случи во ноември 2017 година во центарот на Ровињ.

 

Текстот Почна судењето на Тони Цетински е превземен од Reporter.mk.