Светската пејачка Џенифер Лопез денес го слави својот 50. роденден. Латино ѕвездата и покрај тоа што влезе во шестата деценија сеуште вели дека има сила да игра и танцува на сцената. Џеј Ло која е позната по нејзиниот задник кој го има осигурано на 25 милиони евра, секогаш е во центарот на вниманието на публиката и папараците.
„И на 70 години планирам да ја тресам сцената“, изјавила Лопез пред десетина години. Таа сега раскажува за нејзиниот тежок почеток во кариерата. Вели дека на почетокот немала можност да ги има сите убави и скапи работи во кои денеска ужива.
Популарната девојка од Бронкс деновиве заврши со снимањето на филмот Hustler, во кој глуми стриптизета. Таа е деловна жена, претприемачка, модна дизајнерка на облека, чевли и парфеми, продуцентка и мајка. Фановите за неа велат дека е институција. Заработува по 36 милиони евра годишно, а се проценува дека тежи 355 милиони евра.
Во 2002 година Џенифер Лопез за прв пат беше запросена од нејзиното поранешно момче Бен Афлек. Актерот ја побара за жена со дијамант од милион евра. Пред венчавката која ја планирале на 14 септември 2003 година во Санта Барбара, Лопез изјавила дека е возбудена и дека се надева дека наскоро ќе основа семејство.
„Ако на почетокот на мојата кариера не го променев своето тело, немаше да бидам сега на местото каде што сум. Верувајте во своите соништа и сакајте се себе си такви какви што сте“, вели Лопез.
Пејачката е одгледана во традиционално латино семејство. Храброста, страста и самоувереноста се вредностите за кои вели дека ги примила од најблиските. Фантазирала еден ден да стане претседател на Соединетите Американски Држави, а на 18 години, го напуштила семејството и одлучила да влезе во светот на шоубизнисот. Нејзините родители не ја поддржале во ваквата нејзина идеја. Џеј Ло почнала како танчерка на Џенет Џексон, живеела како бездомничка, спиела во центрите каде тренирала и на ден имала пари за само едно парче пица.
„Тогаш бев во сериозна врска, но жртвував се за мојата кариера. Ми беше тешко затоа што не можев да живеам без љубовта“, изјавила Џеј Ло. Со средношколската љубов Дејвид Круз била десет години.
„Круз ме познава подобро од кој било друг. Веројатно тоа е затоа што со него не ги полнев насловните на весниците, како што беше случај со другите мои дечковци“, вели Лопез.
Но, единствената жена која двапати беше прогласена за најсексипилна жена на планетата, вели дека од љубовта никогаш нема да се откаже. Во март годинава таа се вери со безбол играчот Алекс Родригез. Не влезе ни во четвртина од патот во брачните води, а веќе се мачи со аферите на нејзиниот партнер.
За Родригез неодамна се пишуваше дека ја изневерил Лопез со поранешната девојка. Сепак пејачката останала со него, а како што открила неодамна, двајцата ќе се венчаат кога ќе најдат време за тоа.
„Можеби е подобро да не брзаме како што тоа се случи на сетот на филмот „Воз полн со пари“, во 1995 година, кога влезе во врска со Весли Снајпс“, вели Лопез.
Оваа страст траела само четири месеци. Две години подоцна, филмот „Селена“, на Лопез и даде крила и таа стана првата латиноамериканка која за една улога добила околу милион евра.
Во ресторан во Мајами, Лопез се запознала со конобарот Ојаниј Ноу, од Куба, со кого подоцна се венчала. Бракот траел само десет месеци. Иако го наговорила да молчи за нивниот брак давајќи му 4,5 милиони евра, Ноу сепак објавил во јавноста. Парите кои му ги понудила Лопез не му биле доволни.
Ноу во својата книга ја разоткрил нивната итнима, На суд пејачката добила оштета од околу 2 милиони евра. Ноу бил упорен уште еднаш, заканувајќи се дека ќе објави и филм за нив двајцата. Но, судот го спречил во тоа.
„И понатаму го следам своето срце. Се наоѓам таму каде што сакам да бидам“, изјавила Лопез по брачниот бродолом. Утехата подоцна ја нашла во музиката. Ја снимила песната If You Had My Love, со која се проби на музичката сцена, а во 1999 година го објави нејзиниот прв албум On the 6.
Истовремено во нејзиниот живот се појавил Шон Комбс познат како Пи Диди. Врската со него траела три години. Во клуб во Њујорк двајцата биле уапсени поради претрелка и поседување на украден пиштол. Обвинувањата против Пи биле повлечено, а Лопез поради инцидентот ја прекинал врската со него.
Заедно последен пат се појавиле во 2000 година, на доделувањето на „Греми“ наградите. Таа година го осигурала своето тело на 800.000 евра. Во септември 2011 година, се венчала по втор пат. Нејзиниот избраник бил танчерот Крис Џад. Се запознале на снимањето на нејзиниот спот Love Don’t Cost a Thing.
Тогаш ја прифатила и улогата во филмот Enought и доживеала нервен слом.
„Се повлеков од сцената затоа што не можев да се движам, зборувам, ниту да живеам. Само лежев се додека не ми беше подобро. Не сакав луѓето да знаат за тоа“, признала Лопез неколку години подоцна.
Со Крис била осум месеци, а потоа се заљубува во актерот Бен Афлек, додека ја снимале комедијата Gigli. Таа врска ја одбележува нејзината кариера. Двајцата биле под окото на јавноста, која им го даде надимакот Бенифер.
Афлек на едно од снимените видеа од папараците го гали нејзиниот задник, а видеото се најде и во нејзиниот спот Jenny from the block. Афлек ја запросил во 2002 година.
„Тој е тој. Се надевам дека наскоро ќе основаме семејство“, изјавила Лопез, која не криела дека е возбудена од планираната венчавка во Санта Барбара. Но, само три часа пред свадбата Бен Афлек ја откажал венчавката.
„Мислев дека нашата врска е како бајка. Фантазирав за деца, а тој ме понижи како никој друг во животот“, изјавла Лопез. Бен не останал должен. Актерот често во своите интервјуа раскажува за тоа дека се гушел во таа врска и дека медиумите биле виновни за нивниот прекин. Постојано биле под притисок.
Афлек ја обвинил Лопез дека му ја стагнирала кариерата.
„Никој ми го нема скршено срцето како тој. Бен ми беше пријател, се познававме со години. Навистина го сакав многу“, изјавила Лопез.
Само два месеци подоцна, папараците ја фатиле во прегратка со пејачот Марк Ентони. Тврдела дека двајцата ќе останат заедно засекогаш. Се венчале тајно во јуни 2004 година. Ги имаат близнаците Ема и макс. Се разделија во 2011 година.
„Разводот ме скрши. Семејството ми беше сè, а се распаднавме. Лежев во кревет немоќна. Но, тоа беше кратко време. Не ја изгубив вербата во љубовта“, изјавила Лопез.
„Сакам да бидам мажена и сакам пак да се омажам. Сеуште не знам кога ќе се случи тоа, но никогаш не ја изгубив вербата“, изјавила Лопез.
Неколку месеци подоцна пејачката влегува во врска со 18 години помладиот танчер и актер Каспер Смарт. Пред него медиумите шпекулираа дека била во врска и со Бредли Купер.
„Има прекрасно тело. Изгледа многу подобро и од 20 годишни девојки. Во кревет е ненаситна, никогаш не и е доста од секс“, се доверил Каспер на еден од своите пријатели.
Лопез признала дека понекогаш не и било јасно зошто работи со него.
„Го прашав зошто не најде некоја помлада девојка. И самата се прашував како може нашата врска да трае и што ќе се случи за десет години. Тој ме разбира и не му сметаа моите разводи“, откри подоцна Лопез.
Каспер во тој период го трошел богатството на Лопез. Со време тоа и сметало на пејачката и двојката се раздели во 2014 година. Следната година повторно влегле во врска, но повторно прекинале во 2016 година. Набрзо подоцна, во едно од своите интервјуа, Лопез признала дека е зависна од љубовта и дека се плаши од тоа да остане сама.
„Долго ми требаше да научам да се сакам самата себе. Кога не бев во врска, основна мисија ми беше да најдам дечко за да не бидам сама. Само така можев да го преболам губитокот на мажи“, раскажала Лопез.
Покрај убавите моменви од нејзиниот љубовен живот Лопез може да се пофали и со својот изглед. Пејачката вели дека има идеален рецепт за добро тело. Контролирано конзумирање на кофеин, неконзумирање на алкохил, долготраен и квалитетен сон и вежбите во теретана.
„Вежбам три пати неделно. Одам на јога и на танц. Добро се држам иако повеќе не станувам во 5 часот наутро за да вежбам како претходно“, вели Лопез.
„Се испоставува дека кога не јадеш шеќер и не внесуваш јагленохидрати, цело време си гладен. Поради тоа се обидувам да јадам многу здрави ужини“, изјавила Лопез.
На прашањето како во една реченица би го опишала моментално нејзиниот живот, таа одговорила, дека нејзиниот живот е совршен и во храмонија. За тоа придонеле семејството, љубовта и нејзината кариера.
Текстот Почнала како танчерка, Бен Афлек ја оставил пред олтар, а сака да стане претседател на САД е превземен од Reporter.mk.