Во Дојран вечер почнува осмото издание на „Д Фестивал“, кој ќе трае до 8 јули.
Арт поп ѕвездата од светската авангарда Севдализа, култната наша група „Архангел“, популарниот амстердамски бенд „Мај бејби“ и ди џејот Пол Ван Дајк се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапуваат на четирите отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов истакна дека сите капацитети во Дојран се полни и дека за време на одржување на фестивалот. Покрај редовните гости, тој очекува дневно во Дојран да доаѓаат и до 30.000 луѓе. Посочи дека сите подготовки во нивна надлежност се завршени и оти комуналните служби за собирање отпад ќе работат во две смени.