Почнуваат „Ѕвездите на Гранд“ со ќотек од Шерифовиќ

На 22 септември започнува премиерната емисија на популатното музичко шоу  „Ѕвездите на Гранд“.  Веќе на големо се зборува за новините во шоуто, и покарај зборувањата дека  Аца Лукас,  си оди од таму, организторите велат дека тоа не е точно и дека тој останува во тимот.

На состанокот за новата сезона на шоуто, кој се одржал пред неколку дена, пристигнале сите поранешни членови на жирито, освен Аца Лукас и Драган Стојковиќ Босанац, но тоа незначи дека тој нема да биде во шоуто, тврдат од Гранд.

Марија Шерифовиќ останува дел од жирито музичкото шоу чии снимања почнуваат денес, но најави дека оваа сезона побарала од директорот на продукцијата, Саша Поповиќ, да нема повеќе караници помеѓу членовите на жирито и дека и самиот се согласил „Ѕвездите на Гранд“ да се вратат во рамките на музичко шоу во вистинска смисла на зборот. Во свој стил прокоментирала и: „Ако Јелена ја закача Вики ќе ‘јаде” ќотек од мене’“.

 

Текстот Почнуваат „Ѕвездите на Гранд“ со ќотек од Шерифовиќ е превземен од Reporter.mk.