Поетесата Искра Донева (35) е родена со церебрална парализа. Таа има проблеми со одењето, и се движи со помагала или во количка. Искра бара помош за да се соберат средства со кои ќе може да оди на терапија. Поетесата за 100 денари преку „Групер“ ги продава своите книги „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа“ и се надева дека средствата од продажбата на книгите ќе бидат доволни за терапијата.
„Наместо да донираат или да вртат на телефонски броеви, хуманите луѓе можат да купат моја книга со поезија за 100 денари и да ми помогнат да ги соберам потребните пари“, вели Искра.
Искра Донева пишува поезија од нејзината седма година. Во 2000 година ја промовира првата стихозбирка „Говорот на срцето“. Во изминатите години издаде голем број дела меѓу кои и Скакулче игра плочка , Татко, Лазарополски хаикуа, Калеидоскоп, Љубовни далги и други.
Повеќе информации за тоа како да купите книга и да донирате за лекувањето на Искра може да прочитате ТУКА.
Текстот Поетесата Искра Донева бара помош да прооди е превземен од Reporter.mk.