Пол Макартни проговори за времето кога земал наркотици

Поранешниот член на групата „Битлси“ Пол Мекартни во интервју за весниот The Times проговори за земањето на наркотици.

Музичарот откри дека пред многу години имал визии и дека го видел Господ.

„Го видов Господ. Бев смирен додека ја гледав таа неверојатна големина. Тој момент не направи пресврт мојот живот, но го сватив како еден вид на знак. Верувам дека постои некаква виша сила во универзумот. Мислам дека нашите починати предци не следат од горе. Дел од нас мислат дека нема докази за тоа, но во мене пости дел кој сака да верува во тоа“, изјавил Мекартни.

Пејачот на 7 септември го издава новиот соло албум Egypt Station. Тоа ќе биде негов 17 студиски албум.

 

Текстот Пол Макартни проговори за времето кога земал наркотици е превземен од Reporter.mk.