Полицајци ја убија ТВ ѕвездата од серијата „Итна служба“

Калифорниската полиција ја убиле ѕвездата од телевизиската серија Ванеса Маркез (49) откако актерката се заканила дека ќе пука со огнено оружје. Инцидентот се случил откако сопственичката на станот, во кој актерката живее, повикала полиција затоа што на Ванеса и била потребна помош.

Ванеса одбила соработка со медицинскиот тим и полицијата и извадила реплика од оружје со кое им се заканила, пишува „Дејли Мејл“.

Ванеса е позната по улогата на медицинска сестра во серијата „Итна служба“. Неодамна таа го критикуваше холивудскиот актер Џорџ Клуни и изјавила дека тој е виновен за нејзината лоша кариера.

Таа објаснила дека тој направил се што е во негова моќ, за таа да се најде на црната листа. Се спореди дури и со злоставуваните девојки на продуцентот Харви Вајнстин и го нарекла Клуни предатор.

Како што пишуваат светските медиуми, Ванеса поради целата ситуација, заболела психички. Клуни ги отфрли сите обвинувања и изјави дека нема врска со нејзината кариера.

 

 

Текстот Полицајци ја убија ТВ ѕвездата од серијата „Итна служба“ е превземен од Reporter.mk.