Полицијата го апси Слаткар, ограбил банка

Полицијата сакала да го уапси Марко Маринковиќ – Слаткар за организирање и грабеж на банка. Ова е дел од сценариото за неговиот најнов спот за песната „Дијаманти“, што ја сними во соработка со „2 Бона“, а ја промовираше вчера.

„За малце ќе не уапсеше полиција на сет затоа што делувавме како да стварно да ограбуваме банка. Среќа бевме препознаени на време и се се заврши како што треба“, раскажа Слаткар за „Репортер“ по снимањето на спотот.

Тој ни рече дека желбата за соработка со „2 Бона“ постои уште 2015 година, кога првпат ја слушнал нивната музика.

„Уште во тоа време сфатив дека еден ден (еве го дојде) ‘2 Бона’ ќе бидат новиот бран што ќе ја поплави модерната македонска музика. И еве го, дојде тој ден“, додава Слаткар.

Слаткар самиот ја направи музиката за „Дијаманти“, а аранжманот е на Иван Јованов Ивајо и Марио Јелиќ – Кун. Видеото го режираше Good Eye Production. „Невозможно е да бидеш незадоволен од спотот ако истиот го прават Goоd Eye“, вели тој.

(А.Ј)

Текстот Полицијата го апси Слаткар, ограбил банка е превземен од Reporter.mk.