Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на 4 јуни го објави политичкиот трилер „Претседателот е исчезнат“. Романот што Клинтон го напиша заедно со Џејмс Патерсон, е продаден во преку еден милион примероци, со што стана бестселер.
Клинтон досега има напишано четири книги, а меѓу нив се и мемоарите „Мојот живот“. Иако неколку поранешни претседатели и премиери имаат напишано книги, тоа се најчесто биографии и мемоари. Бил Клинтон е првиот што напишал политички трилер.
Заплетот во книгата се врти околу сајбер напад врз САД, кој му се заканува и на светот, а во еден момент исчезнува и претседателот на земјата. Според книгата „Шоутајм“ ќе снима серија што ќе се прикажува следната година.
Текстот Политичкиот трилер на Бил Клинтон стана бестселер е превземен од Reporter.mk.