Полубратот на Меган ја претепал својата вереница

Британските медиуми пренесоа дека Томас Маркл постариот полубрат на војвотката од Сасекс Меган, ја претепал својата вереница Дарлен Блоут. Медиумите пишуваат дека  Томас во состојба на преголема конзумација на алкохол го извршил семејното насилство.

Томас ги отфрлил ваквите обвинувања на неговата сметка, велејќи дека се „категорички невистини“. Кристин Албеа исто така една од роднините на Меган Маркл излезе со обвинувања против Томас Маркл помладиот.

„Тој знае да биде вистински лудак кога ќе испие повеќе од вообичаено. Меган не сака да има ништо со него“, вели еден од роднините на вереницата на братот на Меган Маркл.

Во јавноста е познато дека Меган не зборува ѝ избегнува секаков контакт со нејзиниот брат по венчавката со принцот Хари. Томас дури ја наговорувал да се откаже од кралската венчавка.

Текстот Полубратот на Меган ја претепал својата вереница е превземен од Reporter.mk.