Денес е делумно помрачување на Месечината и тоа ќе биде последното лунарно помрачување во оваа година. Помрачувањето ќе започне во 22:01, а Месечината најмногу ќе биде прекриена со сенката на Земјата во 23:31, а од неа ќе излезе во среда на 17 јули, еден час по полноќ.
Во овој периот доаѓа до општо опаѓање на способноста за донесување одлуки и поголема е веројатноста дека луѓето ќе донесат погрешни одлуки, зашто интелектот е под влијание на негативните енергии. Затемнувањето на месечината ќе донесе ненадејни подеми и падови во расположението. Промените ќе влијаат најмногу на личните односи: љубовта, семејството, пријателствата.
Според нумерологот Мими Силјановска-Главиновска, оваа природна појава има и нумеролошко значење, а овојпат е поврзана со бројот 7. Таа за случувањата во Македонија, за „Репортер“ вели: „Ако мислевте дека играта на нерви престанува, се лажете. Таа ќе биде допрва активна во втората половина на годината“.
„На 2 јули годинава имавме соларна еклипса со млада месечина, а сега доаѓа лунарна еклипса со полна месечина. Таа ќе се случува на 16 и 17 јули, а се манифестира со емоции и преемотивност. Поврзана е со бројот 7, кој има вулкански темперамент – буквално не знаете кога ќе избувне. Таа ерупција од емоции тешко се сопира. Јули како месец на бројот 7 е месец на големата вода (мориња, океани), но и на вулкани. Кога водата е вознемирена ќе има и земјотреси, а посилни земјотреси ќе има во државите до големата вода. Месецот е полн со прилично негативни случувања глобално, но и во Европа и кај нас.
Во периодот на еклипсите (помрачувањата) подобро е да „преспиете“ ако имате големи планови или сакате да направите големи промени. Секако, и трпението и самодовербата ви се на тест.
Затемнувањето почнува на 16 (1+6=7), а пикот е на 17 (повторно бројот 7). И јули е месец со број 7. Нумерологијата значи „јазикот на броевите“, а броевите како симболи имаат описно значење. На секои 18 ипол години имаме „полнолетство“ на овие затемнувања. Тие се случуваат во 2019, 2001, 1982, 1963 година… И на светско ниво, а и во Европа се случуваа големи неволји, несреќи и големи промени.
Оваа лунарна еклипса носи големи проблеми во работата со компјутери (хакерски проблеми), афери, ораторство (лаги и закани), тероризам, големи игри, но и големи тајни, како и проблеми во авио-сообраќајот. За очекување е во периодов да се активираат и вулкани.
Вообичаено, случувањата се многу посилно изразени 1 месец пред и 1 месец по еклипсите, па така е и овој пат“, вели Мими.
Како да ги амортизирате овие влијанија
Сензитивноста и разбирањето на луѓето со отворен ум и душа, кои се спремни да помагаат, ќе биде уште поизразена. Имајте вакви луѓе покрај себе, бидејќи ќе имате потреба од нив – од хуманите и просветлени луѓе. Потребата од многу поголема меѓусебна толеранција меѓу луѓето станува неизбежна за опстанокот на човештвото, а со тоа и на Македонија и на целата планета – вели Мими.
Текстот Помрачувањето на Месечината носи вулканска ерупција, тероризам и афери, прогнозира нумерологот Мими прогнозира: е превземен од Reporter.mk.