Џони Деп кој во моментов престојува во Белград, каде го снима филмот Минамата, морал да го промени хотелот каде престојува поради големиот број проститутки кои сакале да се видат со него.
Организаторите имале големи проблеми уште на почетокот кога пристигнале во Србија, да го сокријат Деп од големиот број луѓе кои сакале да остварат средба со актерот.
„Знаевме дека пристигнувањето на Деп ќе предизвика големо внимание во јавноста, но не можевме да претпоставиме дека актерот нема да има мир од обожавателките кои отворено се нуделе и сè препорачувале преку персоналот во хотелот. Доаѓале девојки со низок морал, оние кои наплатувале сексуални услуги. Бидејќи Деп во Белград ќе остане пет недели, моравме да го преместиме во друг хотел на сосема друга локација. Ова го направивме за да ја задржиме приватноста која самиот тој бараше. Така комплетната екипа околу Деп, од неговите кувари и стилисти, па се до обезбедуавњето се преместени на тајна локација“, вели извор близок до екипата на актерот.
Наводно една од членките на групата „Хурицане“, Ивана Николиќ била првата која го запознала вистинскиот Џони Деп.
„Му се доближив и го замолив да се сликаме. Седеше на масата карши мојата. Безбедноста за мене во тој момент не беше проблем“, изјавила Николиќ која се пофалила дека нејзиниот бенд често свири на Карибите, каде со Деп си размениле мејлови.
Текстот Поради големиот број проститутки, Џони Деп морал да го смени хотелот е превземен од Reporter.mk.