Музичарот Ед Ширан (28) во едно од своите последни интервјуа откри дека во деновите додека бил млад, бил злоставуван од страна на неговите соученици во школо.
Ширан вели дека во тој период бил низок, имал портокалова коса, носел очила, па врсниците цело време го провоцирале. Ширан смета дека токму таквата различност му го донела успехот и дека луѓето го паметеле затоа што бил чуден и поинаков.
„Некогаш плачев кога се враќав од школо. Мразев да одам во основно школо. Кога почнав да одам во средно школо, почнав да свирам гирата во еден бенд. Тогаш стекнав поголема самопочит и бев среќен затоа што работев нешто во кое бев добар“, изјавил музичарот.
Текстот Поради говорната мана и изглед, Ширан бил злоставуван од своите соученици е превземен од Reporter.mk.