Турнејата за последниот филм од франшизата „Џејмс Бонд“ со глумецот Даниел Крег, под името No time to die, е откажана во Кина поради опасниот коронавирус. Кинеските власти затворија повеќе од 70.000 кина во цела држава.
Голем број критичари проценија дека овој филм за тајниот агент ќе стане најпрофитабилн на сите времиња, но поради опасниот вирус, кој го „парализираше“ азискиот пазар, работите целосно се сменија.
Последното продолжение во кината требаше да стигне на почетокот на април, но поради заканата од опасниот вирус, големата светска турнеја е откажана. Продуцентите се одлучиле да ја откажат посетата на Крег во Кина.
Дури вирусот целосно не исчезне, ѕвездите од филмот нема да добијат дозвола од докторите и осигурителните компании да ја посетат Кина, пренесува „Дејли Мејл“.
Со светска заработка од 1,1 милијарди долари, титулата за најисплатлив филм за Бонд, ја држи Skyfall, од 2012 година. Филмските критичари проценија дека No time to die требаше да ја надмине оваа бројка, но поради откажаната турнеја во Кина, тоа нема да се случи.
Од Кина и останатите држави на истокот се очекуваше филмот да заработи меѓу 150 и 300 милиони долари, нешто што сега звучи како невозможна мисија, пренесуваат светските медиуми. И покрај тоа што филмот доживува загуба, песната за истиот на младата авторка Били Елиш остварува голем успех на „Јутјуб“.
Во првите 24 часа, песната имала повеќе од 17 милиони прегледи, а бројот на кликови расте од ден во ден.
Текстот Поради коронавирусот откажана турнејата на „Бонд“ е превземен од Reporter.mk.