Поради мајката на Меган, кралската двојка се сели во новата куќа

Кралската двојка ќе се пресели во новата куќа на имотот Винзор, поради присуството на Дорија Регланд, мајката на Меган Маркл. Таа се очекува да биде чест гостин на Хари и Меган и да помогне на брачниот пар по породувањето.

Принцот и војвотката од Сасекс досега живееа во Кенсингтонската палата, каде на располагање имале само две спални соби. Во моментов во палатата нема место за Дорија пишува „Мирор“.

Во новата куќа Меган и Хари ќе имаат на располагање девет спални соби, а на Дорија ќе и припадне голем дел од куќата, кој ќе биде наменет специјално за неа.

Во куќата каде ќе се преселилат, Меган и Хари го направија службеното фотографрање од веридбата на крајот на декември минатата година, а таму се одржа и забавата по нивното венчавање.

Куќата е изградена во 17 век, а дури во 18 век почнала да се користи како резиденција за членовите на кралското семејство. Поради преселбата на Хари и Меган истата целосно ќе се реконструира. Ќе се менуваат кровот, прозорците и системот за одвод.

 

 

Текстот Поради мајката на Меган, кралската двојка се сели во новата куќа е превземен од Reporter.mk.