Поради опседнатоста со други жени Брус Вилис се разделил од Деми Мур

Актерот Брус Вилис открил дека преголемиот згуснат распоред на снимањата на филмовите во минатото, но и опседнатоста со другите жени, била причината поради која не успеал да опстои бракот со Деми Мур.

Холивудската двојка биле заедно 13 години, пред да ги потпишат документите за развод во 1998 година. Двојката се дружи до ден денес. Во 1996 година, во интервју за „Плејбој“, Брус Вилил признал дека сеуште ја нема зпознаено жената која и самата во целост би му ги исполнила неговите сексуални барања.

„Што е точно бракот? Па не постои жена која може да го задоволи природниот нагон кој сака да се размножува. Тој нагон не исчезнува само затоа што имаш три, десет или стотина деца. Целиот тој труд е залуден, затоа што ние сме животни. ние сме магариња во потрага по храна, но и желни да ја однесеме во кревет, секоја жена која ќе ја видиме. Тоа едноставно е програмирано во нашиот генетски код“, изјавил Брус Вилис.

Вилис и Мур се запознале далечната 1987 година, за време на премиерата на филмот „Заседа“. Денес 63 годишниот Вилис вели дека паднал на шармот на седум години помладата негова колешка, која на црвениот тепих тогаш пристигнала во друштво на нејзиниот тогашен вереник актерот Емилио Естевез.

Колку страста била голема меѓу нив двајцата, говорел и фактот што Естевез многу брзо станал минато за Мур, а таа само по четири месеци од судбоносната средба со Вилис, решила да се венча во Лас Вегас. После година дена, Брус и Мур станаа родители на нивната ќерка Румер. Во 1994 година, ги добија и Скот и Талулах.

Иако со години пред официјално да се разведат, медиумите на големо шпекулираа дека холивудската двојка не се во најдобри односи. Уште во 1993 година, актерката за Vanity Fair, изјавила дека нема да престане со расправиите се додека еден ден не биде во право на крајот.

Во летото 1998 година, по речиси 11 години брак, медиумите на крајот објавија крај на нивната врска. Официјално двајцата биле во брак 13 години, нешто на кое малкумина можеле да се надеваат. Но, и по разводот Вилис и Мур останале блиски пријатели.

Тие го делат старателството над нивните деца. Колку се блиски говори и фактот што и по пет години подоцна, Мур се омажила за Ештон Качер, а Вилис воопшто немал проблем околу тоа. Тој дури и знаел од претходно за нивната дружба. Вилил дури сега ја поддржува Мур и во новата врска со српската стилистка Маша Манџук.

Во меѓувреме Вилис се оженил овој пат со актерката и манекенка Ема Хеминг, со која добил уште две ќерки, Мабел (2012 година) и Евелин (2014 година), а сите негови наследници и покрај големата разлика во години останале многу блиски.

 

Текстот Поради опседнатоста со други жени Брус Вилис се разделил од Деми Мур е превземен од Reporter.mk.