По бурата која се крена во јавноста, околу обвинувањата за наводно силување на Кетрин Мајорга, од страна на Кристијано Роналдо, се јави и поранешната девојка на фудбалерот Нереида Галардо.
„Роналдо никогаш не беше агресивен со мене. Не е тој тип кој би присилил некого на секс. Тој е нежен во кревет“, вели Нереида, девојката со која Португалецот излегуваше во 2009 година.
„Сеуште никој ме нема побарано од обвинителството, но ако ме побараат, јас на драго срце ќе сведочам во одбрана на Роналдо. Не знам како правосудството функционира и не ми е премногу познат случајот, но ако обвинителот ме повика како сведок за да го опишам карактерот на Роналдо, јас ќе се појавам во судот“, изјавила Нереида.
Текстот Поранешната девојка на Роналдо во одбрана на фудбалерот за наводното силување е превземен од Reporter.mk.