Стефани Борсова-Стојановиќ, поранешната мис на Македонија, вторпат стана мајка. Таа на „Фејсбук“ откри дека родила девојче. Ова е второ дете на Стефани, која од бракот со српскиот бизнисмен Александар Стојановиќ има син. Борсова веста за бременоста ја откри пред еден месец.
Стефани беше избрана за мис во 2010 година и истата година ја претставуваше Македонија и на изборот за Мис на светот. Таа во 2012 година се омажи за Александар, бизнисмен, кој има синџир слаткарници во Србија. Во 2013 година роди син, па се повлече од јавноста. Денес Стефани со семејството живее во Сремска Митровица. Неодамна таа стана сопственичка на кафуле во истиот град.
Фото: Фејсбук
Текстот Поранешната мис Стефани Борсова стана мајка е превземен од Reporter.mk.