Моделот Савка Грачанин, којашто му беше свршеница на поп-пејачот Влатко Лозаноски, и по раскинувањето на свршувачката не заборави да му честита роденден. Таа на својот фејсбук-профил напиша: „Ти честитам затоа што си поискусен. Не сум сигурна што си научил оваа година, но секое искуство нè трансформира во личноста која сме денес. Среќен роденден на еден од ретките луѓе чии родендени ги паметам без дури и да ме потсети ‘Фејсбук’“.
Многумина ова го прокоментираа како грижа на совест на Савка, но некои, пак, напишаа дека таа сега му се додворува на „Фејсбук“ со објавата на статусот.
Савка и Лозано беа во врска девет години, а во 2016 година ја објавија свршувачката. Влатко лани летото и во интервју за „Репортер“ потврди дека планираат свадба со Савка. Но, кратко потоа двојката се раздели. Во јавноста излегоа фотографии на кои таа се бакнува со друг.