Дваесет и тригодишната манекенка Нор Алфала, била снимена за време на еден ноќна забава со речиси трипати постариот актер Клинт Иствуд. Нор вели дека Клинт е само семеен пријател и ништо повеќе, пишува „Дејли Мејл“.
Двојката била снимена од папараците во понеделникот вечерта додека излегувале од автомобил. Нор е позната по тоа што еден период беше во врска со фронтменот на групата „Ролинг Стонс“ Мик Џегер (75).
„Нема тука романтична врска“, изјавила Нор за „Дејли Мејл“.
Сепак според коментарите на социјалните мрежи, кои произлегоа од фотографиите, голем број фанови велат дека двојката излгеда има и нешто повеќе од пријателство. На прашањето на новинарите дали Нор во моментов излегува со некого, таа не сакала да коментира.
Освен со Џегер и Иствуд, моделот ја поврзуваа и со милијардерот Николас Бергурен. Клинт Иствуд до 2014 година беше со 33 години помлада девојка Сандер. Во декември минатата година медиумите почнаа да пишуваат за нивниот прекин.
Текстот Поранешната на Мик Џегер сега во врска со Клинт Иствуд е превземен од Reporter.mk.