Поранешната сопруга на Абрамовиќ се омажи за грчки милијардер

Поранешната сопруга на Роман Абрамовиќ, Даша Жукова, се омажи за грчкиот милијардер Ставрос Ниархос . Луксузната венчавка ја направија на ски центарот Сент Мориц пред повеќе од 300 гости. Младенците ги изненадија сите, откако се венчаа 24 часа порано од очекуваното. За свадбената прослава потрошија околу пет милиони фунти.

Целата венчавка била испланирана до последен детал. На венчавката, помеѓу останатите, пристигнаа и Дејвид Бекам, Давид Гефен, Карли Клос и нејзиниот сопруг Џош Кушнер, Дијана вон Фурстенберг, Џенифер Мејер, Гвинет Палтроу.

Даша со сегашниот сопруг била во пријателски односи неколк години, а романсата ја започнале неколку месеци по нејзиниот развод од Абрамовиќ. Со рускиот милијардер и претседателот на фудбалскиот клуб Челзи, таа помина во брак десет години. Со него има и две деца, синот Арон Александра и ќерката Леа Лоу.

Веста за разодот во медиумите одекна во август 2017 година, кога Абрамовиќ потврди дека нивната врска завршила.

„По десет заеднички години донесовме тешка одлука. Се разделуваме, но сепак ќе останеме блиски пријатели, родитеи и партнери на некои проекти кои ги развивавме заедно. Со заеднички сили ќе ги одгледаме нашите две деца. Ќе работиме како коосновачи на Музејот на современа уметност во Москва и културниот центар New Holland Island во Санкт Петерсбург“, напишал Абрамовиќ.

 

Текстот Поранешната сопруга на Абрамовиќ се омажи за грчки милијардер е превземен од Reporter.mk.