Глумицата Ана Фарис јавно му ја честиташе свршувачката на поранешниот маж Крис Прат, откако тој објави дека ја побарал за жена ќерката на актерот Арнолд Шварценегер, Кетрин.
„Мило ми е за тебе! Честитки“, напиша Фарис која лани се разведе од Прат по 10 години во брак. Двојката го има 7-годишниот син Џек. Глумицата неколкупати изјави дека таа и Крис се во пријателски односи по разводот.
Американските медиуми пишуваат дека прстенот на Кетрин е дијамант од 5 карати и дека чини помеѓу 150 и 175 илјади долари. Крис Прат и Кетрин Шварценегер првпат се појавија заедно во јавноста во јуни 2018 година, а врската ја почнаа неколку месеци претходно.
Текстот Поранешната жена му ја честиташе свршувачката на Крис Прат е превземен од Reporter.mk.