Поранешната жена на Џони Деп во врска со женет маж

Глумицата Амбер Херд, поранешна жена на Џони Деп, е во врска со женет маж, пишуваат американските медиуми. Таа се гледа со дизајнерот Кристофер Брок, ко-основач на модниот бренд Brock Collection. Брок модниот бренд го основал со Лаура Васер, неговата сопруга со која е се уште во брак. Амбер и Кристофер се видени во бар во Њујорк, а потоа и на романтична вечера на Беверли Хилс.

Кристофер со сопругата Лаура

Амбер во Холивуд е повеќе позната по своите љубовни врски отколку по глумата. Заради неа актерот Џони Деп ја остави својата долгогодишна партнерка Венеса Паради. Со Амбер се венча по неколкумесечна врска, а се резведоа по една година, откако Амбер го обвини за физичко насилство. По разводот таа беше во врска и со милијардерот Елон Маск, сопственик на компанијата „Тесла“ за електрични автомобили.

Текстот Поранешната жена на Џони Деп во врска со женет маж е превземен од Reporter.mk.