Поранешниот менаџер на Бритни Спирс доби судска забрана да ѝ се доближи на пејачката

Судот во Лос Анџелес изрекол петгодишна мерка забрана за поранешниот менаџер на Бритни Спирс, да ѝ се приближи рок од пет години, пишува американското списание People.

Адвокатот на Спирс побарал нова забрана за приоѓање за Осам Сама Лутфиј, за да спречи понатамошна штета и спихолошка траума, пишува во судските документи.

Како се наведува во судски записи, Лутфи и испраќал вознемирувачки и заканувачки пораки и твитови на семејството на Спирс.

Откако биле сослушани менаџерот и таткото на пејачката, Џејми Спирс, судијата во Високиот суд во Лос Анџелес Бренда Пени, донела одлука со која на Лутфиј, му се забранува да стапи во контатк со Бритни или нејзиното семејство и да објавува на интернет омаловажувачки коментари за нив.

Судот ги отфрлил аргументите на адвокатот на Лутфиј, дека забраната за приближување претставува неуставно ограничување на слободата на говор на неговиот клиент. Лутфи имал и претходно привремена забрана на пристап која му била изречена на 8 мај.

 

 

Текстот Поранешниот менаџер на Бритни Спирс доби судска забрана да ѝ се доближи на пејачката е превземен од Reporter.mk.