Поранешниот на Беквалац, Лука Лазукиќ, во врска со педесетгодишна жена

Лука Лазукиќ, поранешниот сопруг на српската пејачка Наташа Беквалац, е во нова љубовна врска со 15 години постара жена, пишуваат српските медиуми.

Лука наводно се запознал со неговата нова избраничка преку заеднички пријатели. Според пишувањата на медиумите, таа има околу 50 години.

Не знам како настана љубовта меѓу нив двајца, но од тоа што имам чуено, таа го направила првиот чекор. Се запознале преку заеднички пријатели и од тогаш постојано се заедно. Лука ми нема кажано детали за неа, но знам дека се занимава со приватен бизнис и дека е многу успешна. Колку што имам разбрано, таа има околу 50 години, што значи дека од него е постара повеќе од 15 години“, вели близок пријател на Лука, кој сакал да остане анонимен.

Повеќето пријатели и поблиското семејство не е запознаено со новата девојка на Лука, а многумина не ни знаат дека е во врска со неа. Не знам зошто ја крие жената од јавноста, но веројатно се плаши да не откријат медиумите и поради тоа што му се случи во изминатиот период со Наташа. Не сака неговата партнерка да биде изложена на медиумски притисок“, вели пријателот на Лазукиќ.

Медиумите откриваат дека Лазукиќ и неговата нова партнерка неодамна заминале на заедничко патување, а забележани се на враќање на белградскиот аеродром по пристигнувањето од Цирих.

Лазукиќ, кој годинава беше обвинет од Наташа Беквалац за семејно насилство, во моментите додека бил на пат ги пропуштил договорените средби со неговата ќерка во центарот за социјална работа. Тој претходно пријавил дека нема да може да ја гледа поради деловни обврски.

Српската пејачка Наташа Беквалац

 

 

Текстот Поранешниот на Беквалац, Лука Лазукиќ, во врска со педесетгодишна жена е превземен од Reporter.mk.